За приготвување на оваа салата не е потребно многу време, а оние што ја пробале тврдат дека е превкусна.
Состојки:
1 кг моркови
700 мл јогурт
1 чешне лук
1 чаша масло
сол
ПРИГОТВУВАЊЕ:
Излупете го морковот и нарендајте го ситно.
Ставете дел од морковот во тава со малку масло и пржете додека омекне, околу 7 минути.
Кога ќе омекне, извадете го во чинија за сервирање и наросете го со ситно сечкано лукче.
Потоа, помешајте го морковот со јогуртот и оставете ја салата да отстои најмалку 10 минути, па послужете ја!
Текст: Добра храна