Салата без која не може да помине ниту една слава: Оригиналниот рецепт настанал во средината на 19 век

Пробајте ја!

Руската салата е чиста класика на трпезите за време на славите и новогодишните пречеци.

Без неа не може да се замисли ниту еден празник, а ни слава. Оригиналната верзија на салатата е создадена во 1860 година од готвачот со белгиско потекло, Лузијен Оливије, шеф во Ермитаж, еден од напознатите ресторани во Москва. Неговата салата набрзо станала исклучително популарна кај редовните гости на ресторанот, а денешната популарна верзија на руската салата содржи варен компир, кисели крставички, грашок, јајца, моркови и варено пилешко месо, па сето тоа зачинето со мајонез.

Состојки:

200 г компир

200 г морков

200 г грашок (може и замрзнат)

200 г кисели крставички

200 г шунка

300 г мајонез

100 г павлака

2 варени јајца

сол, бибер

Подготовка:

Компирот и морковите исечете ги на ситни коцки. Ставете во сад со вода малку сол и гответе ги додека омекнат.

Варете го грашокот додека стане мек.

Шунката, киселите крставички и варените јајца исечете ги на коцки.

Сите состојки измешајте ги, додајте мајонез, павлака и зачини.

Добро промешајте и ставете во фрижидер да се олади.

Сервирајте ја ладна.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.