Рис Витерспун го пие ова смуди последниве 8 години: Од него зајакнуваат косата и ноктите, а лицето блеска!

Го открила рецептот

Доколку сакате да воведете здрава навика во вашата утринска рутина, актерката Рис Витерспун открила како приготвува смуди од зелен зеленчук

Рис Витерспун го приготвува и пие ова смуди секое утро веќе 8 години, и тоа во периодот помеѓу 10 и 11 часот, по што не мора да појадува, туку првиот оброк го има околу 13 часот. Нутриционистите нагласуваат дека зеленото смуди е здраво, но не треба да ги заменува редовните оброци, а покрај него, треба да се консумира и свежо овошје и зеленчук.

Актерката открила дека овој рецепт го добила од колешката Кери Вашингтон додека заедно снимале. Дотогаш не се познавале, па на прв поглед забележала дека лицето ѝ блеска и побарала да ѝ открие како ѝ успева тоа. Кери ѝ открила уште една тајна, а тоа е дека ова смуди, со редовна консумација, ги зајакнува ноктите и косата.

https://www.instagram.com/tv/CAqOUrWAKN8/?utm_source=ig_embed

Самиот вкус претставува добитна комбинација на слатко и кисело, за што е заслужно овошјето: јаболка, круша и лимон. Лимонот ја неутрализира аромата на зелената салата и целерот, кој многумина не го сакаат иако многу е здрав. Секако, најдобро е да го пробате овој рецепт и самите да се уверите во благотворното дејство на состојките и да видите дали ви одговара неговиот вкус.

Состојки:
  • 2 листа зелена салата
  • половина шолја листови од спанаќ
  • 1 круша
  • 1 јаболко
  • 1 лимон
  • 1 банана
  • половина шолја кокосова вода
  • целер по желба
  • малку путер од кикиритки, по желба
Приготвување:

Доколку сакате да биде потечно, односно да личи на сок, сите состојки ставете ги во блендер и изматете ги, а за погуста текстура, употребете миксер. Тоа е сѐ! Уживајте!

Напивка чија ефикасност ја гарантира Меланија Трамп: Го намалува апетитот, желбата за благо и го забрзува слабеењето!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.