Рецепт поради кој ќе го засакате карфиолот: Направете смеса и уживајте во вкусот!

Пробајте!

Карфиолот многумина не го сакаат.

Ќе ви бидат потребни само неколу зачини кои на овој зеленчук ќе му дадат неверојатен вкус. И ако некој не го сака карфиол, со овој рецепт сигурно ќе го засака. Веројатно нема потреба да нагласуваме дека овој зеленчук е вистински извор на витамини и дека често треба да се вклучува во исхраната.

Состојки:

1 главица карфиол (околу 700 г)

5 чешниња лук

Сол, бибер, слатка павлака, магдонос

Маслиново масло

Приготвување:

Карфиолот исечете го на парчиња, па ставете го во солена вода на 2 минути. Лукот исечете го ситно и пропржете го во маслиново масло. Додајте мелена пиперка, па измешајте. Додајте го исцедениот карфиол, ставете бибер и динстајте додека зарумени. Украсете со магдонос и сервирајте го топло.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.