Ова смуди ќе го прочисти вашиот организам и затоа е идеално да го пиете на почетокот од денот…
Потребни состојки:
- 1 шака боровинки
- ½ шолја зелен чај
- 1 банана
- 2 децилитри млеко
- 1 лажица мед
Приготвување:
Сварете го зелениот чај и оставете го да се излади малку. Потоа, во блендер изматете ги боровинките и бананата. Додајте зелен чај и малку млеко. Додајте лажица мед и изматете уште малку.
Ова смуди ќе ви ја даде потребната доза енергија за почеток на денот и ќе направи да се чувствувате навистина здраво!