Рецепт на денот: Лиснати ролнички со пиперка

Превкусни!

Ова уникатно предјадење ќе ја украси вашата трпеза

Печените пакетчиња со пиперка ќе бидат повкусни ако ги послужите додека се топли.

Состојки:

  • 500 г лиснато тесто
  • 2 црвени пиперки
  • 2 жолти бабури
  • 200 г домашен ајвар
  • 18 тенки листови сланина
  • 1 јајце
  • лен

Приготвување:

1. Половина од лиснатото тесто се сучи во квадрат со дебелина од 3 мм. Со тркалезен остар нож тенкото тесто се сече на 9 помали квадрати. На истиот начин се обликува и другата половина од тестото.

2. Црвените и жолтите пиперки се чистат од семките и дршките и се сечат на стапчиња. Се соединуваат по две жолти и две црвени стапчиња и се замотуваат со лист сланина.

3. На квадратите од тесто се нанесува по една лажица ајвар и преку него се става по едно од пакетчињата од пиперки во сланина. Двете паралелни страни од тестото се преклопуваат и на средината се прицврстува со чепкалка.

4. Пакетчињата се редат во плех обложен со хартија за печење, се премачкуваат со изматено јајце и се посипуваат со лен. Се печат во загреана рерна на 200°С додека поруменат.

Извор: Добра храна

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.