Рецепт на денот: Крем-супа од грашок и целер

Здрава и вкусна крем-чорба

Оваа супа е идеална за постудените денови, кога на нашиот организам му треба закрепнување

Потребни состојки:
  • 2 лажици маслиново масло
  • 300 грама целер, исчистен и исечен на парчиња
  • 150 грама грашок
  • 1 чешне лук
  • 120 грама излупен компир, исечкан на парчиња
  • 600 милилитри вода
  • 100 милилитри млеко
Начин на подготовка:

Загрејте маслиново масло во тавче, а потоа додајте исечкан целер, компир и лук. Додајте малку вода и сол. Динстајте 10 минути со постојано мешање. Додајте грашок и динстајте уште 5 минути. Додајте вода и загревајте уште 20 минути.

Со миксер направете крем-супа. Додајте млеко и промешајте.

Послужете ја супата топла.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време