Ресторански трик кој ќе им го подобри вкусот и на најевтините јадења: Пригответе карамелизиран кромид!

Пробајте!

Овој вкусен, но често занемарен прилог ќе му го подобри вкусот на секој оброк, а освен тоа, оди со секое јадење

Ако сакате да му го подобрите вкусот на печеното месо, на едноставните варива или тестенини, послужете ги со карамелизиран кромид. Овој вкусен, но често занемарен прилог, ќе му го подобри вкусот на секое јадење.

Со продолжена термичка обработка на лутиот кромид на умерена или ниска температура, вкусот на овој производ ќе стане посладок и посочен. Покрај тоа, станува збор за прилог кој е економичен, бидејќи килограм кромид може да се купи за помалку од 50 денари.

За карамелизирање кромид ќе ви требаат само три производи: кромид, сол и растително масло по желба.

Во широко тавче загрејте растително масло, додајте резанки кромид и прстофат сол, па пржете на умерена температура додека јадењето добие кафена боја.

За приготвување карамелизиран кромид ќе ви требаат минимум четириесетина минути. Овој процес не можете да го скратите со покачување на температурата, бидејќи на превисока температура, кромидот ќе изгори. Во овој случај, трпението навистина се исплати, а долготрајното и постепено пржење дава најдобри резултати.

Во текот на карамелизацијата на кромидот, не заборавајте повремено да го промешувате кромидот за да не ви загори.

Кога ќе добиете густа смеса што личи на џем, ќе знаете дека карамелизацијата ви успеала. Во тој момент можете да додадете и малку балсамико за да го заокружите вкусот.

Кромид печен во фолија: Не сте пробале повкусно нешто досега!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.