Прсти ќе излижете: Пробајте го овој фантастичен венец со кулен и сирење

Превкусно!

Одлично предјадење што изобилува со вкусови

Состојки:
  • 275 г лиснато тесто
  • 4 лажици доматен сос
  • 150 г рендан кашкавал
  • 100 г тенко исечкан кулен
  • 1 јајце за премачкување

Приготвување:

1. Лиснатото тесто се сука во правоаголна кора. Потоа покрај подолгиот раб на кората се нанесува доматниот сос, се посипува со 100 г рендан кашкавал, па одгоре се распоредуваат листовите кулен, така што малку ќе се преклопуваат. Преостанатиот дел од тестото се засекува спрема работ обликувајќи ленти со ширина околу 2 см. Тестото внимателно се витка во ролат од филот кон лентичките, па се спојува во круг и нежно се втиснува.

2. Плехот се обложува со хартија за печење, па во неа внимателно се става приготвеното тесто. Се премачкува со изматено јајце и се посипува одгоре со преостанатиот рендан кашкавал.

3. Се пече во загреана рерна на 200°Ц, околу 40 минути, додека зарумени.

4. Венецот се сече на резанки и се послужува со ајвар.

Извор: Добра храна

Вкусно предјадење: Разубавете ја вашата трпеза со оваа полнета солена плетенка!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.