Пробајте БРАЗИЛСКА ЛИМОНАДА: Најосвежителниот пијалак што ќе го приготвите ова лето

Има ли нешто подобро од ладен и освежителен пијалак на топол летен ден? Притоа, најчестиот избор, секако, е лимонадата. Не можете да погрешите со познатата ладна напивка од цеден лимон, но ако сакате да пробате нешто поинакво – пригответе бразилска лимонада.

Давор Панчевски веќе го испроба овој необичен пијалак и на својот инстаграм-профил сподели свој оригинален рецепт за бразилска лимонада.

„Комбинација на засладено кондензирано млеко и зелен лимон – иако звучи чудно, дефинитивно мора да ја пробате да се уверите колку е освежителна и егзотична!“, тврди Давор, а во продолжение ви го пренесуваме неговиот рецепт.

Состојки:
  • 5 зелени лимони
  • 400 мл засладено кондензирано млеко
  • 1 л вода
  • неколку коцки мраз
Приготвување:

Измијте ги и исечкајте ги лимоните на парчиња. Изблендирајте ги со кората во блендер, заедно со водата.

Исцедете ја лимонадата низ цедалка и вратете ја во блендерот заедно со засладеното кондензирано млеко и мразот. Повторно блендирајте и послужете со екстра мраз.

Забавно готвење!

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе