Превкусно: Пица кифлички од кои не се знае за стоп!

Рецепт

Израдувајте ги домашните со јадење за кое нема грешка. Пицата и кифлите се омилено јадење, а спојот на овие два вкуса ќе ве разбуди. Меки и полни со фил, ќе им се допадне на сите што ќе пробаат.

Состојки:

За тесто:

250мл млеко

Лажица шеќер

30гр квасец

500гр брашно

150мл масло

1 јајце

Сол

За полнењето:

100гр шунка

150гр кашкавал

Оригано

100гр пире од домати

За облогата:

1 јајце

Сусам

Подготовка:

Во загреано млеко додадете шеќер, квасец, па се добро измешајте и оставете да отстои. На страна во брашното додадете ги солот, јајцето, и на крајот квасецот. Се добро замесете додека не го добиете посакуваното тесто. Оставете тестото да нарасне околу еден час.

Потоа повторно замесете, па поделете на два дела. Со сукало расукајте ги парчињата во облик на круг, кои ќе ги поделите на 12 еднакви триаголници. Секој од триаголниците премачкајте ги со пире од домати, додадете ја исечканата шунка, кашкавалот и ориганото. Наредете ги во плех покриен со хартија за печење.

Кифличките премачкајте ги со изматено јајце, а потоа наронете ги со сусам.

Загрејте ја рерната на 220 степени и печете околу половина час.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.