Предјадење достојно за свечена трпеза: Брускети со лосос

Рецепт на Теа Трповска

Одлично предјадење што може да го послужите кога имате гости

Теа Трповска секогаш ни приготвува вкусни и интересни јадења. Посетете го нејзиниот инстаграм-профил @teatrpovska  и пробајте ги нејзините брускети со лосос.

Состојки:
  • 1 багет
  • 250 г крем-сирење
  • 1 лимон (сок и изрендана кора)
  • гранчиња свеж копар
  • црн пипер
  • 250 г чаден лосос
Приготвување:

1. Во длабок сад ставете ги крем-сирењето, сокот од половина лимон и половина изрендана лимонова кора и ситно сечкан копар.

2. Исечете го багетот на парчиња и секое парче намачкајте го со крем-сирење.

3. Озгора ставете парчиња чаден лосос и црн пипер. Послужете ги веднаш.

Извор: Добра храна

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.