Празнична погача

Мека како душа

Оваа преубава празнична погача на Наташа Ничовска од Скопје додека ја печеш мириса на сусам и топено сирење. На здравје и добар апетит.

Приготвување:

1 Тестото се замесува со 1 кг брашно, две јајца, 1 лажичка сол, 1 лажичка шеќер, 1 коцка квасец, 1 филџан масло и 500 мл млако млеко.
2 Замесеното тесто се остава убаво да нарасне.
3 Потоа, тестото се дели на 8 еднакви топчиња.
4 Секое топче се расукува и врз расуканата коричка се става парченца путер.
5 Се земаат 4 топчиња, и едно врз друго, се расукуваат во поголема кора, а потоа кората се сече на 8 краци, кои се преклопуваат еден врз друг. Така се формира топка, се става во чинија и се остава во замрзнувач 10 минути.
6 Истото се прави и со другата половина од тестото (преостанатите 4 топчиња).
Потоа, по 10 мин, се вадат двете половини од замрзнувач и се расукуваат во кора.
7 Во така расуканата кора се става фил од сирење и јајца: се помешуваат 300 г сирење и две јајца. Се реди филот по крајот на кората, потоа се витка во ролат. Истото се прави со другата половина. Така завиткани, ролатите се сечат и се редат на парчиња во подмачканата тава со путер – се редат сечени нагоре во средината, а од страната парчињата се редат легнати. Така убаво наредена, погачата се премачкува со жолчка и се наросува со сусам.
8 Се остава уште 15 мин. во тавата и се пече во загреана рерна на 250 степени.
Потоа се намалува температурата и се остава да се пече уште 30 минути.

Текст и фото: Приватна архива

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.