Појадок подготвен за час: Вкусен и хранлив, потребни ви се само неколку состојки и малку време (ВИДЕО)

Рецепт

Ако немате многу време за приготвување појадок, овој рецепт е идеален за вас.

Од кујната на нашите баби пристигнува совршен рецепт за ова облачно утро. Хранливо и вкусно, ова јадење е готово за неколку минути.

Потребно е:

1 лист сланина

3 јајца

мелен пипер

сол, по желба бибер

оригано

50 г рендан кашкавал

1 свеж домат

малку масло

Приготвување:

Сланината исечкајте ја ситно на коцки, па испржете ја на малку маско (само подмачкајте со четкичката), па кога сланината убаво ќе зарумени, ставете ги парчињата леб и печете 2-3 минути.

Изматете ги јајцата, посолете, додајте пипер, оригано, по желба бибер. Истурете ги јајцата над лебот и ставете малку јајца и под лебот.

Свртете го лебот користејќи чинија, па свртете ги јајцата наопаку. Врз лебот и јајцата ставете половина од ренданиот кашкавал, па парче од доматот. Врз доматот, другиот дел од кашкавалот. Поклопете за кашкавалот да се истопи и доматот малку да омекне. Сервирајте топло.

Предлог:  наместо домат, може да ставите малку кечап, децата многу го сакаат или, пак, мајонез.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.