Похувано посно јадење што ќе ве распамети: Мора да го пробате овој крцкав и сочен карфиол

Ќе се воодушевите

Одличен рецепт за похуван карфиол

Карфиолот нуди многу можности за импровизација во кујната, а похуваниот карфиол приготвен на овој начин, ќе ги воодушеви сите домашни.

Потребни состојки:
  • 1 главица млад карфиол
  • 40-50 грама презла
  • масло
  • 200 грама брашно
  • сол
  • сув зачин
  • ¼ кесичка прашок за печиво
  • ¼ литар кисела вода

Начин на подготовка:
  • Сварете ја главицата карфиол со малку сув зачин.
  • Во брашното додајте сув зачин, сол, прашок за печиво, кисела вода и направете смеса како за палачинки.
  • Ставете многу масло во тенџере (како за посни крофни) и кога добро ќе се загрее, спуштајте внатре цветчиња од сварениот карфиол кои претходно сте ги извалале во брашно измешано со сол, потоа во смесата за похување, па во презлата.
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време