Похувани тиквички на поинаков начин: Совршено крцкави и вкусни залачиња
За сите љубители на тиквички
Малку поздрава и многу повкусна верзија на похуваните тиквички
Состојки:
- 2 тиквички со средна големина (околу 350 грама)
- 1 поголемо јајце
- 50 грама рендано тврдо сирење
- 70 грама презла
- 1 чешне лук, ситно сечкан
- бибер по вкус
Приготвување:
Загрејте ја рерната на 200 степени. Во плех ставете хартија за печење.
Измијте ги тиквичките, излупете ги и изрендајте ги на крупно ренде, па исцедете ги од вишокот вода.
Додајте јајце, рендано сирење, презла, лук и зачинете со бибер по вкус.
Со лажичка ставајте од смесата на хартија за печење, обликувајте ја малку и печете додека не зарумени, потоа свртете ги тиквичките на другата страна и печете ги додека не бидат готови. Вкупното време за печење е 20 или 25 минути.
Послужете ги топли.