Кога ви се јаде некое печиво, овие погачки се одличен избор, а вкусот е фантастичен
Состојки:
- 250 г брашно
- 250 г путер или маргарин
- 250 г свежо сирење
- 1 прашок за печиво
- 1 лажиче сол
- 1 јајце
За премачкување:
- 1 јајце
- 1 лажица мајонез
- семиња по желба
Приготвување:
1. Во сад ставете брашно, прашок за печиво и сол, па промешајте го сето тоа. Додајте рендан путер, сирење и јајце. Месете тесто со раце додека се стопи путерот и додека добиете компактна смеса, која е малку леплива. По потреба додајте уште малку брашно.
2. Тестото завиткајте го во растеглива фолија и ставете го во фрижидер најмалку еден час.
3. Расучете го тестото на дебелина од два сантиметра, па со чаша вадете форми на погачки. Ставете ги на плех обложен со хартија за печење, па премачкајте ги со мешавина од јајца и мајонез. По желба, посипете ги со семиња (ким, сусам).
4. Печете ги во загреана рерна на 200 степени околу 15 минути.