Погача „Завидна сосетка“: Убава за очи, лесна за стомак!

Проверен рецепт!

Кога ќе дојде момент да ги воодушевите домашните, соседите, роднините, направете ја погачата „Завидна сосетка“ и нема да се покаете

Потребни состојки:
  • 600-700 грама брашно
  • 200 грама сирење
  • 20 грама квасец
  • малку масло
  • 200 милилитри јогурт
  • 100 милилитри млеко
  • 2 јајца
  • малку сол
  • малку шеќер
  • ½ лажичка црвена пиперка
  • семки
  • крупна сол
  • 50 грама путер
Приготвување:

Стопете го квасецот во малку млако млеко, додајте шеќер, масло, брашно и сол и замесете средно тврдо тесто.

Оставете го тестото покриено за да нарасне. Замесете го тестото и поделете го на неколку топчиња, малку дооформете ги со рака, па секое топче развлечете го на големина на чинија и премачкајте го со путер или маргарин, па наредете ги едно врз друго.

Последното топче не треба да го премачкате. Изматете го сирењето малку со лажица, па во него додајте црвена пиперка. Развлечете го тестото во правоаголник и премачкајте го со сирењето. Пресечете го на ленти со големина од 2 сантиметри, завиткајте ги и наредете ги во подмачкан тркалезен плех.

Почнете од средината. Оставете ја погачата покриена, па кога ќе нарасне, премачкајте ја со жолчка, наросете ја со семки и крупна сол. Печете ја на 190 степени Целзиусови околу 40-45 минути за да зарумени убаво. Добар апетит!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.