Погача без јајца: Наједноставниот домашен леб мек како облаче

100 пати подобра од купечката!

Вкус што ќе ве воодушеви на прво залче!

Потребни состојки:
  • 1 шолја свежо топло млеко
  • 1 шолја топла вода
  • 1 шолја масло
  • 2 лажици шеќер
  • половина лажица сол
  • 1 сув квасец
  • 6 шолји брашно
  • 1 жолчка за премачкување
  • сусам за наросување
Приготвување:

Во вода растворете квасец и 1 супена лажица шеќер. Покријте го со крпа и оставете го на страна 10-15 минути. Ако квасецот е сув, веднаш ставете го во брашното. Во еден сад ставете 3 шолји претходно просеано брашно. Направете вдлабнатина и во средина ставете ја смесата со квасецот, млекото и маслото.

Додајте шеќер и сол. Измешајте со лажица. Месете додека тестото не стане меко и еластично. Постепено додавајте го преостанатото брашно. Поделете го тестото на два дела. Развлечете ги и двата дела во тенки правоаголници. Со нож исечете ги на еднакви остри правоаголници од околу 5 сантиметри.

Завиткајте ги во форма на кифлички, почнувајќи од основата. Во плех подмачкан со хартија за печење или подмачкан, наредете ги кифличките. Покријте ја погачата и оставете ја да отстои 30-40 минути на топло. Премачкајте ја со жолчка, изматена со свежо млеко.

Печете ја на 180 степени на долниот грејач со вентилатор. На средина од печењето, вклучете го и горниот грејач. Печете додека не добиете убава златна боја.

Уживајте во неверојатно вкусниот домашен леб, мек како памук!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.