Подмладува, го исфрла вишокот вода од организмот, го регулира притисокот: Сок со кој дефинитивно ќе ослабите!

Славните личности постојано го пијат!

Поради големиот број антиоксиданси и антиканцерогени соединенија, со редовната консумација на овој сок ќе го намалите ризикот од појава на малигни болести

Соковите од целер станаа вистински тренд на социјалните мрежи. Славните личности постојани ги фалат, но дали се работи за уште еден тренд или има нешто повеќе?

Зошто целерот е добар и заслужува ли да биде ѕвезда на Инстаграм?

Целерот е зеленчук познат од дамнешни времиња, а познато е дека го користеле и старите Египќани. Има ниска калориска вредност, само 14 калории на 100 грама.

Богат е со низа витамини: витамин Б комплекс, Ц витамин, витамин Е, многу минерали, калиум, натриум, етерични масла. Со оглед на тоа што изобилува со антиоксиданси, ги штити клетките од оксидативно оштетување, па според тоа, го штити организмот од прерано стареење. Ова сигурно е причината зошто е толку популарен помеѓу познатите личности.

Најдобро е да го консумирате сиров во сокови. Научно потврдено е дека целерот помага за регулација на крвниот притисок, особено на високиот притисок, кој е предизвикан од високо ниво на стрес. Поради низата антиоксиданси и мноштвото антиканцерогени соединенија, со редовната консумација на целер го намалувате ризикот од појава на малигни болести.

Целерот делува диуретски, па затоа го поттикнува исфрлањето на водата од организмот. Дејствува на сите наши органски системи и е одличен за детоксикација, поради што кожата ќе ви блеска

Може да консумирате чист сок од целер или да го комбинирате со други производи за да биде повкусен и нутритивно уште побогат.

Ако немате соковник, а имате блендер, може да направите погусто смуди или да го исцедите.

Рецепти

Целер и ананас

Потребни состојки: 1 шолја исечкан ананас, 2 стапчиња целер (може со листовите), 2 шолји спанаќ, сок од ½ лимон, малку ѓумбир и кардамом (по желба), 1 шолја вода (за соковник не треба вода)

Приготвување: Ставете ги сите состојки во блендер или во соковник, а количината вода за смуди прилагодете ја според ваша желба. Ако го правите во соковник, не ви треба вода. Ако сакате, засладете го смудито со здрави засладувачи (урми, јавор).

Целер и јаболка

Потребни состојки: 1 јаболко, 2-3 стапчиња целер, 3 листови кељ, 1 шолја вода

Приготвување: Ставете ги сите состојки во блендер или во соковник. Прилагодете ја количината на вода според ваша желба. Ако го правите во соковник, не ви треба вода.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.