Пица-стапчиња: Солени залчиња за викенд уживање

Вкусно!

Дали сте знаеле дека за викенд никогаш не се држи диета? Време е за опуштање

Состојки:
  • 300 г брашно
  • 20 г квасец
  • 100 мл млеко
  • 100 мл јогурт
  • малку сол и шеќер
  • 2 лажици масло
  • 100 г маргарин
  • 100 г меко сирење
  • 2 лажици кисела павлака
  • 1/2 лажичка мелена слатка пиперка
  • 150 г шунка
  • 50 г лута колбасница
  • жолчка за премачкување
  • семки
  • крупна сол
Приготвување:

Во млако млеко растворете го квасецот, додајте шеќер, масло, половина брашно и сол. Добро изматете со виљушка па додајте го остатокот од брашното и замесете тесто. Покријте го да одмори половина час, па замесете го малку и поделете го на 5 топчиња. Измешајте сирење и павлака, па додајте мелена сува пиперка и ситно сечкана шунка. Расукајте го првото топче на забрашнета маса во правоаголник.

На него изрендајте замрзнат маргарин па расукајте уште едно топче и поклопете го првото и така со ред.

На последното расукано топче не се ренда маргарин.

Пресечете го тестото со нож на половина, па ставете ја едната половина врз другата. Добро истенчете го со сукало, премачкајте го со сирење и павлака и посипете го со сечкана шунка. Исечете го на ленти широки 1 сантиметар, па секоја лента завиткајте ја и наредете ја во плех. Покријте ги, а рерната вклучете ја на 200 степени Целзиусови.

Кога стапчињата ќе одморат малку, премачкајте ги со жолчка, наросете ги со семки, крупна сол и со ким по желба. Печете ги околу 20 минути.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.