Пита со месо без кора

Залачиња за подобар апетит

Како увертира во главното јадење, пригответе вкусни солени залачиња, кои ќе ви овозможат неочекувано задоволство.

Состојки:

* 300 г мелено пилешко месо

* 1 главица кромид

* малку маслиново масло

* 3 јајца

* 200 мл јогурт

* 100 мл масло

* 250 г бело брашно

* 1/2 прашок за печиво

* 1 лажиче сол

* црн пипер

* сусам

Приготвување:
1. Кромидот се чисти и се сече на коцки, пилешкото месо се меле на машина за месо или во блендер.

2. На малку масло се пржи кромидот, а потоа се додава пилешкото месо и се пржи, со постојано мешање, додека ја промени бојата (ако во текот на пржењето пилешкото месо се згрутчува, дополнително може да се иситни во блендер).

Се посолува и се запиперува по желба.
3. Во посебна чинија се матат белките, а со прстофат сол во цврст снег.

Се додаваат една по една жолчките и се сипуваат јогуртот и маслото во тенок млаз, со постојано матење со миксер.

4. Брашното се меша со прашокот за печиво, па со маталка се додава во смесата од јајца.

5. На крајот се додава оладеното пилешко месо и полека се меша со маталка.

6. Соодветна тепсија се обложува со хартија за печење и во неа се истура смесата за питата. Одозгора се посипува со сусам.

7. Се пече во загреана рерна на 200°Ц, околу 30 минути.

Текст и фото: „Добра храна“

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.