Со оглед на тоа што сезоната на вируси е во полн ек, сега е идеално време да го испробате овој рецепт
Ширум светот храната се користи како лек, а супата несомнено е одличен извор на сите неопходни витамини што ни требаат кога не се чувствуваме добро.
Кога ќе започне сезоната на вируси, Италијнците често ја приготвуваат супата што популарно ја нарекуваат „пеницилин-супа“.
За разлика од виралните рецепти кои честопати се појавуваат и заминуваат во заборав, овој се појавува секоја зима и секогаш е популарен. Последниве пет години овој рецепт стана исклучително популарен на социјалните мрежи, но во Италија е познат со генерации.
Бујонот и пастините, посебен вид тестенини, се главните ѕвезди на оваа супа. Според некои рецепти, тестенините се варат посебно од бујонот, додека во други се варат директно во бујонот. Различни начини на готвење резултираат со различна густина на супата. Најидеално е да биде толку густа што ќе потсетува на ризото.
Состојки:
- 2 лажици екстра девствено маслиново масло
- 1 лажица путер
- 1 голем кромид, ситно сечкан
- 1 голем црвен кромид, ситно сечкан
- 4 стебленца целер, ситно сечкани
- 1 голема жолта пиперка, ситно сечкана
- 4 чешниња лук, ситно сечкани
- околу 2 литри пилешки бујон
- околу 450 г морков, ситно сечкан
- 1 коричка пармезан (по желба, дава посебен вкус)
- сол по вкус
- половина шолја несварени пастини или некои други ситни тестенини (дуплирајте ја количината ако сакате повеќе тестенини)
- 200 г печено пилешко месо
- рендан пармезан за послужување
- ситно сечкани свежи листови рузмарин и/или свежа мајчина душичка
Приготвување:
Во голем лонец за супа загрејте масло и путер, па додајте кромид, црвен кромид, целер и пиперка и промешајте. Гответе 4-5 минути со повремено мешање, додека кромидот зацрвени. Додајте лук, промешајте и гответе уште две минути.
Додајте бујон, морков, коричка пармезан и сол. Проварете, па намалете ја температурата и на тивок оган гответе 20-25 минути без капак. Отстранете ја коричката пармезан. Дел од зеленчукот извадете го од супата и оставете го на страна, а остатокот изматете го со миксер заедно со бујонот, додека смесата во лонецот стане мазна.
Додајте тестенини, сварете ги, а потоа намалете ја температурата и гответе додека тестенините бидат готови. Додајте го печеното пилешко месо и преостанатиот зеленчук. Промешајте и поклопете, па оставете супата да отстои околу 20 минути. По вкус, додајте уште зачини. Послужете со рендан пармезан и рузмарин.