Печени моркови со мед и оцет балсамико: Совршена комбинација на вкусови што ќе ја обожавате ова лето!

Слатки како мед!

Ако веќе немате идеја што да приготвите како прилог, еве една здрава, лесна и совршено вкусна комбинација која одлично оди со месо

Состојки:
  • 750 г мали морковчиња
  • 2 лажици оцет балсамико
  • 1 лажица мед
  • 2 лажици маслиново масло
  • сол, бибер
  • свеж магдонос
Приготвување:

Вклучете ја рерната да се загрева на 200 степени Целзиусови, а плехот подмачкајте го со масло. Во сад со средна големина измешајте мед, оцет и маслиново масло. Ставете ги морковите и сето тоа добро промешајте го за морковите убаво да ја впијат смесата. Наредете го зеленчукот во плехот и прелејте го со преостанатиот сос.

Печете 30-40 минути, а на половина од печењето, промешајте. На крајот, зачинете со сол, бибер и посипете магоднос. Добар апетит!

Динстан путер-компир од рерна: Незаменлив прилог за буквално секое јадење!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.