Памучни кифлички: Најмекото тесто на светот!

Ќе се воодушевите!

Меки се како душа, а остануваат свежи и наредниот ден

Потребни состојки:
  • 900 грама брашно
  • 1 кесичка сув квасец
  • 2 јајца
  • 400 милилитри топло млеко
  • 180 милилитри масло
  • 1 лажица шеќер
  • 1 лажичка сол
Приготвување:

Во еден сад, ставете топло млеко, па потоа масло, две белки, една лажица шеќер и една кесичка сув квасец, па промешајте. Постепено додајте еден дел од брашното и лажичка сол па месете со тоа што ќе го додавате остатокот од брашното.

На работна површина наросена со брашно замесете тесто со додавање брашно по потреба. Подмачкајте го тестото со масло и ставете го во сад, покријте го со кеса и оставете го да нарасне на топло. Најдобро би било да го оставите тестото околу час и половина до два часа.

Потоа, префрлете го тестото на површина посипана со брашно и исечкајте го на поситни делови. Развлечете го во правоаголен облик со сукало, па филувајте го со омилениот фил.

Со помош на нож, направете прорези, па замотајте ги кифличките.

Покријте ги кифличките со кујнска крпа и оставете ги така додека не се загрее рерната, која сте ја вклучиле на 190 степени Целзиусови. Премачкајте ги кифличките со жолчки од јајце и печете ги во загреаната рерна додека не добијат убава боја. Ќе ви требаат околу 15 минути.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.