Одлични се за појадок или вечера: Калцоните со шунка и кашкавал ќе ве остават без зборови

Вкусно предјадење

Превкусно полнето печиво

Состојки:

За тестото:

  • 500 г екстра бело брашно тип 400 на „Жито лукс“
  • 1 лажиче сол
  • 7 г сув квасец
  • 320 мл вода

За полнење:

  • 250 г кашкавал
  • 200 г шунка
  • 150 г кисела павлака
  • 50 г кечап
  • оригано
  • масло

Приготвување:

1. Во сад се комбинираат екстра белото брашно тип 400 на „Жито лукс“, сол и сув квасец. Постепено се долева млака вода и се меси со рака, додека се добие мазно тесто.

2. Замесеното тесто се остава да мирува 5 минути, а потоа се става на работната масичка и се меси десет минути.

3. Од замесеното тесто се обликуваат 8 помали топчиња. Се посипуваат екстра бело брашно тип 400 на „Жито лукс“ на чиста кујнска крпа и на тоа се ставаат топчињата тесто. Се покриваат со влажна, добро исцедена крпа и се оставаат да одмораат 30 минути.

4. Се зема едно топче и со сукало се сука во круг. Половина круг од тестото се премачкува со малку павлака, се посипува со кечап и се прекрива со листови шунка, се посипува со рендан кашкавал и оригано. Се преклопува другиот дел од тестото и се лепат краевите, така што нема да се отвораат. На истиот начин, од преостанатиот материјал се обликуваат повеќе калцони.

5. Плехот се обложува со хартија за печење и во него се ставаат калцоните. Се премачкуваат со масло и се печат во загреана рерна на 220°Ц, додека заруменат. Печените калцони се премачкуваат со вода и се покриваат со крпа, па се оставаат да се оладат.

Извор: Добра храна

Нема да можете да му одолеете на овој италијански специјалитет: Пробајте калцони од рерна!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.