Обожавате ровко јајце на око? Применете го овој трик и направете го најсовршениот појадок!

Ќе се воодушевите!

Ако спаѓате во тие луѓе што обожаваат јајце на око со течна жолчка, применете го овој трик

Јајцето на око е основа на приготвувањето јајца и се смета за најлесно за подготовка. Но најлесно можеме да ги утнеме токму основните работи.

Некои луѓе сакаат ровка жолчка, а некои потврда, а често се случува да ги испржиме сосема спротивно од нашиот вкус.

Јајцето со течна жолчка е визуелно најинтересно и вистинско уживање е да се измацка остатокот со парче свеж леб.

Тајната на највкусното ровко јајце на око е токму во водата!

  • Загрејте лажица маслиново масло во тавче, внимателно скршете јајце, а потоа ставете малку вода во тавчето.
  • Поклопете го тавчето со капак и оставете го да се пржи минута-две. Пареата рамномерно ќе го испржи, а жолчката ќе тече. Освен тоа, маслото нема да прска и да го извалка шпоретот.
  • Подигнете го капакот по 90-тина секунди и проверете дали белката е готова.
  • Префрлете го јајцето на чинија и внимателно притиснете ја жолчката со прст. Ќе почувствувате дали е мека.
  • Ставете ја жолчката во добар сендвич или едноставно послужете ја со свеж леб.

ФОТО: Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.