Нешто на лажица: Вкусно вариво од црвена леќа

Пробајте!

Варивото можете да го приготвите и од обична леќа, но во тој случај времето на готвење е подолго

Состојки:
  • 2 главици црвен кромид
  • 2 чешниња лук
  • 1 морков
  • 1/2 корен од целер
  • 1 црвена пиперка
  • 3 домати
  • 1 лажица мелен пипер
  • 200 г црвена леќа
  • 300 мл доматен сок
  • 2 лажици сечкан лист од целер
  • црн пипер
  • масло
  • сол

Приготвување:

1. Црвениот кромид се чисти и се сече на коцки, лукот се пасира.

2. Морковот и коренот од целер се лупат и крупно се рендаат. Црвената пиперка и доматите се сечат на коцки.

3. На малку масло се пропржуваат црвениот кромид и лукот, а потоа се додаваат морковот и целерот, па сето тоа заедно кратко се пржи.

4. Се додаваат пиперката и доматите, потоа се динста со долевање малку вода на секои десетина минути.

5. Потоа се додаваат црвената леќа и мелениот пипер и се зачинува по желба. Се додаваат доматниот сок и вода колку што е потребно да се добие посакуваната густина. Се вари на умерена температура додека омекнат сите состојки. При крајот на готвењето се додава сечканиот лист од целер.

Извор: Добра храна

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.