Несекојдневно и вкусно: Брза посна салата

Се' за храна!

Составот можеби ви се чини несекојдневен, но сите состојки целосно се дополнуваат една со друга

Внесете радост на трпезата со оваа вкусна свежа салата на Марија Кочовска од „Се’ за храна“ (@kocovska.marija). Иако нејзината е во духот на божиќните празници – вие можете да ја послужите на различен начин. Ослободете ја вашата имагинација.

Состојки:
  • ¼ до ½ зелка
  • 1 мала краставичка
  • 1 поголема пиперка
  • 10 шери домати
  • свеж магдонос

За сосот:

  • 100 мл кисела павлака
  • 1 лажица мајонез
  • сок од ¼ лимон
  • хималајска сол
  • оригано
  • мелен црн пипер
Приготвување:

1. Потребни состојки

2. Изрендајте ја зелката и исечкајте ги краставиците и пиперките

3. Пригответе го сосот

4. Украсете ја салатата со приготвените декорации

Послужете ја салатата и уживајте во фантастичниот вкус со „Се’ за храна“!

Извор: Добра храна

ФОТО: Марија Кочовска

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.