Неодоливи солени залчиња: Ролати со сирење

Пробајте

Фантастично предјадење!

Не воздржувајте се да експериментирате во кулинарството, со комбинација на нови намирници и зачини ќе добиете фантастични специјалитети. Овие ролати со сирење нека бидат вашиот прв експеримент.

Состојки:
  • 12 тенки кори за пита
  • 600 г урда
  • 4 јајца
  • 200 мл јогурт
  • 150 мл масло + масло за прскање на корите
  • 1 прашок за печиво
  • малку сол

За макање:

  • 2 јајца
  • 350 мл јогурт
  • лен

Приготвување:

1. Се матат јајцата, па се додаваат урдата, јогуртот, маслото, прашокот за печиво и малку сол, па добро се меша.

2. Корите за пита се делат на три дела. Од едниот дел се издвојува кора и се попрскува со малку масло. Се преклопува со друга кора и се премачкува со неколку лажици од филот. Одозгора се нанесуваат третата и четвртата кора, па и тие се премачкуваат со малку фил и се редат една преку друга (за првиот ролат е потребно да се потроши третина од филот). Корите се мотаат во ролат и се редат на штица.

3. На истиот начин од преостанатиот материјал се обликуваат уште два ролата. Ролатите се оставаат во замрзнувач да зацврснат. Потоа се вадат и се сечат на резанки.

4. Посебно се приготвува смесата за макање – се соединуваат јајцата со јогуртот. Резанките се макаат во приготвената смеса и се редат во плехот за печење, обложен со хартија за печење.

5. Се посипуваат со лен и се печат во загреана рерна на 200°Ц додека поруменат.

Извор: Добра храна

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.