Нема повкусни: Полнети крофнички со топен кашкавал!

Ќе ги обожавате!

Од оваа смеса би требало да добиете 40 крофнички

Крофничките полнети со кашкавал се омиленото предјадење ширум светот. И тоа не е така без причина! Нивниот вкус освојува на прво залче и еднаш кога ќе ги пробате, ќе сакате да ги приготвувате буквално со секое јадење.

Потребни состојки:
  • 500 грама моцарела
  • 3 лажици рендан пармезан
  • 1 јајце
  • 100 грама брашно
  • половина лажичка оригано
  • презла
  • малку путер
Приготвување:

Измешајте рендана моцарела, пармезан и јајце, па додајте брашно и оригано. Замесете го тестото со рака, па направете топчиња, извалајте ги во презла и кратко пропржете ги на малку путер, додека не добијат убава златна боја насекаде.

На крај, ќе добиете превкусни крофнички полни со стопен кашкавал, што ќе ги засакате на прво залче.

Уживајте!

Напомена: Од оваа смеса би требало да добиете 40 крофнички.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.