Наша е цела тепсија: Крцкави банички што се топат во уста!

Рецепт

Сјаен предлог за доручек или вечера. Од кујната на бабите ова утро ни пристигна рецепт за крцкави банички кои се топат во уста.

Потребно е:

500гр готови гори

200гр кашкавал

3 јајца

½ прашок за пециво

200мл јогурт

Масло

Подготовка:

Во еден сад ставете го сирење, јајцата, прашокот за пециво, 3 лажици масло и јогуртот. Со вилушка изедначете ја смесата. Лист од кора раширете, малку попрскајте го со масло, па додадете полна рака сирење и со лажица распоредете по целата кора. Виткајте како во ролат, па потоа направете форма како за баница. Баничките ги ставате во претходно размачкан плех. Ако остане од смесата, само истурете врз секоја баничка. Печете на 200 степени околу 45 минути за добро да заруменат и да бидат крцкави. Со чаша јогурт фантастичните банички ќе ги изедете со толкава сласт, што ќе посакате репете.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.