Направете ја познатата фритата: Овој традиционален италијански омлет ќе ве воодушеви!

Превкусно!

Италијански специјалитет што лесно се приготвува, а може да го прилагодите на сечиј вкус

Фритата е италијанска верзија на омлет, а одлично е тоа што многу едноставно се приготвува и сами може да ги одберете состојките во зависност од тоа што ви се допаѓа. Може да додадете сечкана сланина, шунка и зеленчукот што го обожавате.

Потребни состојки:
  • 3 лажици маслиново масло
  • 10 јајца
  • 2 лажички сол
  • половина лажичка мелен бибер
  • 400 грама спанаќ
  • 1 шака шери домати
  • 4 праза
  • 220 грама фета сирење

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 170 степени, па ставете подмачкан плех 5 минути во рерна за да се загрее маслото.

Во меѓувреме, во поголем сад скршете ги јајцата и изматете ги со виљушка, па додајте сол и бибер. Потоа, додајте спанаќ, шери домати исечени на половинки, исечкан праз и сето тоа измешајте го.

Извадете го плехот од рерна и во него ставете ја смесата, па печете ја околу 25 до 30 минути или додека смесата не добие кафеавкава коричка на рабовите.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.