Направете домашна коцка за супа: Неспоредливо е подобра и поздрава од купечката!

Прилично едноставно е да се направи коцка за супа, а вкусот може да се прилагоди според ваши желби

Состојки:
  • 1 помал компир
  • 1 поголем морков
  • 1 помала тиквичка
  • 1 помала главица кромид
  • половина врзоп магдонос
  • 100 г сол
  • 1 лажица масло
Приготвување:

Сите состојки само исечкајте ги и ставете ги во тефлонско тавче во кое состојките нема да се залепат за дното, сипете малку вода и продинстајте додека испари сета течност што ќе ја испушти зеленчукот. Додајте сол и масло и продолжете да мешате уште неколку минути.

Сомелете ги сите состојки и вратете ги во тавче за да се исушат малку. Кога ќе добиете смеса густа како тесто, тргнете ја од оган и распоредете ја на хартија за печење. Од смесата направете правоаголници со дебелина од 1 сантиметар и замрзнете ги 12 часа.

Потоа, исечкајте ги на коцки. Секоја коцка завиткајте ја во хартија за печење и ставете ја во фрижидер – тоа е правилниот начин на нивно чување. Од оваа смеса се добиваат 9 коцки, а зеленчукот може да се измени по желба и вкус.

Искусните домаќинки знаат: Еве зошто треба да додадете лушпа од јајце во супата!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.