Највкусното солено задоволство: Набрани пити

Вкусно!

Предјадење достојно за славска трпеза

Печените пити се вадат од рерната и се прекриваат со сува крпа, па се ставаат да се оладат и да омекнат.

Состојки:
  • 9 тенки кори за пита
  • 200 мл минерална вода
  • 3 јајца
  • 15 г свеж квасец
  • 50 мл масло
  • 200 мл павлака
  • 4 лажици гриз
  • 50 г спанаќ
  • 200 г шампињони
  • 150 г месеста сланина
  • сол

Приготвување:

1. Во подлабок сад се соединуваат минералната вода, павлаката, јајцата, издробениот квасец, маслото, гризот и малку сол. Добро се меша со лажица за да се добие изедначена смеса.

2. Се издвојува една кора и се става на работната масичка. Се премачкува со малку од приготвениот прелив, па по должината на долниот раб се поставува дрвена прачка. Потоа кората со помош на прачката се витка во ролна и малку се набира, потоа се отстранува прачката и се мота во круг. На истиот начин се обликуваат преостанатите седум кори.

3. Набраните пити се редат во плех обложен со хартија за печење и се премачкуваат со малку прелив. Преостанатата кора се кине на помали делови и со нив се пополнува средишната празнина на питата.

4. Сланината се сече на стапчиња и кратко се пржи на малку масло, се вади од маснотијата и се остава на топло. Се додаваат печурките исечени на листови и се пржат додека испари вишокот течност.

5. Средината на питата се пополнува со печурките, сланината и исечканиот спанаќ, па се полева малку од преостанатиот прелив. Питите се печат во загреана рерна на 200°С, додека поруменат.

Извор: Добра храна

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.