Највкусното лепче од тавче што се топи в уста: Се приготвува за миг со само неколку состојки! (ВИДЕО)

Пробајте!

Ви откриваме едноставен рецепт за сочно лепче од тавче со кашкавал и компир

Состојки:
  • 90 г остро брашно
  • 50 мл млеко
  • 10 г стопен путер
  • малку сол
  • 1 компир
  • 2 лажици мајонез
  • кашкавал
Приготвување:

Во сад сипете брашно, млеко, путер и сол и сето тоа убаво промешајте го, па замесете тесто со рака. Покријте со кеса и ставете го во фрижидер околу еден час. За тоа време, сварете го компирот, па испасирајте го. Во компирот додајте мајонез и сето тоа добро соединете го.

Земете го тестото од фрижидер и расучете го со сукало, да биде со пречник од околу 22 см. Наредете кашкавал одозгора и премачкајте со филот од компир, па ставете уште еден ред кашкавал.

Земете ги краевите од тестото и затворете го како на фотографијата.

Потоа, внимателно расучете со сукало. Подмачкајте тавче и ставете го лепчето да се пече, а одозгора премачкајте го со стопен путер. Превртете го лепчете и потпечете го од другата страна.

Погледнете го видеото за подетални упатства и уживајте!

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.