Највкусните кифлички без бело брашно и масло: Тестото е воздушесто и со денови останува тазе!

Можете да ги јадете без грижа на совест

Задолжително запишете го овој рецепт за кифлички без бело брашно – идеални се за секој празник и за секоја свечена трпеза

Кифличките може да се комбинираат со разни салати и јадења, но и самите се одличен избор за појадок или вечера, особено ако се без бело брашно како овие. Ќе се изненадите од феноменалниот вкус, а и многу заситуваат, па идеални се доколку сте на диета и сакате да ги симнете вишокот килограми.

Ви го откриваме рецептот за таканаречените кето-кифлички кои можете да ги јадете без грижа на совест!

Состојки:
  • 60 г бадемово брашно
  • 2 цели јајца
  • 200 г моцарела
  • 1 лажиче прашок за печиво
  • сол по вкус
  • сусам за посипување
Приготвување:

Прво, измешајте ги бадемовото брашно, прашокот за печиво и солта. Потоа, додајте јајца и сирење, што претходно сте ги стоплиле во микробранова печка. Добро изматете го тестото додека стане еластично. Завиткајте го во растеглива фолија и оставете го 15 минути да отстои.

Потоа, расучете го во круг, па исечете го на триаголници и виткајте ги во кифлички. Можете да ги филувате со што сакате – шунка, печеница, кулен, спанаќ, зелка, слатки кремови, џемови и слично.

Обложете плех со хартија за печење и наредете ги кифличките, па премачкајте ги со изматено јајце и посипете ги со сусам. Во загреана рерна на 200 степени печете ги 15 до 20 минути.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.