Најубавата француска салата што некогаш сте ја пробале: Сите ќе ви го бараат овој рецепт!

Пробајте!

Кремлива, освежувачка и превкусна!

Состојки:
  • 450 г замрзнат или свеж зеленчук (морков, компир, грашок)
  • 6-7 јајца
  • 1 јаболко
  • околу 200 г мајонез
  • 1 лажиче сенф
  • 330 г кисели краставички
  • лажица сув зачин
Приготвување:

Варете го замрзнатиот или свежиот зеленчук во вода во која што сте додале лажица сув зачин, 8-10 минути. Јајцата сварете ги одвоено во посолена вода, па излупете ги и исечкајте ги.

Излупете го јаболкото и исечкајте го на ситни коцки, па исечкајте ги и киселите краставички. Измешајте го зеленчукот со краставичките, јајцата и јаболката. Додајте мајонез и сенф. Измешајте ги сите состојки и салатата ставете ја во фрижидер да се олади и да се поврзат состојките.

Ова е основата за оваа салата, а рецептот е приспособлив, па слободно вклучете ја вашата креативност. На пример, во мајонезот додајте и ситно сечкан магдонос, босилек, власец, копар или по желба, додајте повеќе кисели јаболка, кисела павлака, повеќе сенф или кисели краставички.

Добар апетит!

Салата со пилешко и ананас: Спој на вкусови што ќе ве остават без текст!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.