Мусака од тиквички со чадено месо

Предјадење

По желба, на ист начин можете да ја приготвите мусаката со модар патлиџан наместо со тиквички.

СОСТОЈКИ:

2 средни тиквички

3-4 главици кромид

1 домат

1 пиперка

100 г ориз

2-3 јајца

ПРИГОТВУВАЊЕ:

Тиквичките се лупат и сечкаат на кругови.

Кромидот ситно се сечка, се става во тава со масло и се пржи, се додаваат ситно сечканата пиперка и доматот.

Откако ќе се испржат, се додава исчистениот и измиен ориз, се пропржува заедно.

Чаденото свинско месо се сече на многу ситни коцкичи и накрај и тоа се става во тавата, се пржи неколку минути, па тавата се трга на страна. Се зачинува по вкус.

Во тепсија за печење се реди еден ред од тиквичките, па се става од испржената смеса, пак тиквички, пак од смесата.

Се залева со врела вода и се става во рерна да се пече.

Се пече додека испари водата, а јадењето се испече.

Пред крајот, се матат двете јајца, се полеваат врз мусаката и се враќа во рерната само уште две-три минути, потоа се вади и се сервира.

 

Текст: Добра храна

Фото: Илустрација

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.