Медитерански деликатес: Крцкави италијански стапчиња што ќе ве остават без зборови

Нема да можете да изедете само едно!

Пробајте ги овие превкусни стапчиња

Состојки:

За тестото:

  • 700 г екстра бело брашно тип 400 на „Жито лукс“
  • 180 г путер
  • 100 г кисела павлака
  • 20 г свеж квасец
  • 1 лажиче шеќер
  • 100 мл млако млеко
  • 1 лажиче сол
  • 1 јајце

За филот:

  • 200 г густ кечап
  • 200 г шунка
  • 100 г кашкавал
  • 1/2 лажиче оригано

За премачкување:

  • 1 јајце

Приготвување:

1. Во подлабок сад се мешаат млакото млеко, издробениот квасец, по едно лажиче шеќер и екстра бело брашно тип 400 на „Жито лукс“. Се покрива со сува крпа и се остава на топло да нарасне.

2. Се растопува путерот и се остава да се олади.

3. Во сад се меша половина од екстра белото брашно тип 400 на „Жито лукс“ со малку сол. Се додаваат квасецот, путерот, киселата павлака и јајцето и се меша. Постепено се додава преостанатото екстра бело брашно тип 400 на „Жито лукс“ и се меси со рака додека се добие мазно тесто. Тестото не смее да се остава да нараснува.

4. Филот се приготвува посебно. Шунката се мели во електричен сечко и се комбинира со ситно изренданиот кашкавал и оригано. Постепено се додава малку кечап и се меша додека се добие густа смеса.

5. Замесеното тесто се дели на два дела. Првиот дел се сука во квадрат со дебелина од 4 мм, се премачкува со приготвениот фил и се прекрива со другата половина од исуканото тесто.

6. Наполнетото тесто нежно се сука со сукало така што страните ќе се залепат за филот.

7. Со тркалезен нож тестото се сече на ленти со ширина од 1,5 см, а секоја лента се сече на три дела, за да се добија пократки стапчиња.

8. Плехот се обложува со хартија за печење. Стапчињата од тесто нежно се мотаат во спирала и се ставаат во плехот за печење. Се премачкуваат со изматено јајце и се печат во загреана рерна на 200°Ц, додека заруменат.

Извор: Добра храна

Овие кифлички со сирење нека послужат како вовед во вашиот ручек денес! Нема да погрешите!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.