Лиснати погачи со сирење: 100 пати повкусни од купечките!

Ќе се воодушевите!

Еднаш кога ќе ги направите, ви гарантираме дека ќе станат секојдневен дел од вашето мени!

Потребни состојки:
  • 400-500 грама брашно
  • малку квасец
  • 100 милилитри топло млеко
  • 300 грама маргарин или путер
  • 300 грама ситно сирење
  • сол ако сирењето не е солено
  • јајце за премачкување

Приготвување:

Во сад ставете брашно, направете вдлабнатина, па тука разматете квасец со млеко. Додајте сирење и маргарин што стоеле на собна температура. Изгмечете со раце, па замесете тесто.

Наросете брашно на работна површина, па развлечете го тестото, преклопете ги страните и оставете го да стои покриено околу 15 минути.

Повторете ја оваа постапка уште еднаш. На крај, развлечете го тестото, исечете ги краевите, па потоа сечете на ленти и коцки. Може да ги вадите и со чаша. Наполнете ги со сирење.

Наредете ги на тепсија обложена со хартија за печење или премачкана со маргарин и оставете ги да отстојат.

За тоа време, вклучете ја рерната на 220 степени. Печете ги 30 минути додека на заруменат убаво.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.