Лисната полжав-погача: Превкусно предјадење од кое никогаш нема да ви биде доста

Одличен рецепт

Мека и вкусна погача, полна со фил

Состојки:
  • 500 г екстра бело брашно тип 400 на „Жито лукс“
  • 20 г свеж квасец
  • 1 лажиче сол
  • 1 јајце + 1 јајце за премачкување
  • околу 250 мл млеко
  • 150 г путер
  • 150 г крем-сирење
  • сусам за посипување

Приготвување:

1. Квасецот се мати во малку топло млеко со по едно лажиче шеќер и екстра бело брашно тип 400 на „Жито лукс“. Се остава на топло да нарасне.

2. Се соединуваат екстра белото брашно тип 400 на „Жито лукс“ и солта, се додаваат приготвениот квасец, јајцето и преостанатото млако млеко, па со раце се меси мазно тесто. Се покрива со крпа и се остава да отстои 20 минути.

3. По одморањето, тестото се дели на 5 дела и се обликуваат топчиња. Секое од нив се сука во кружна кора, а потоа 4 кори се попрскуваат одозгора со рендан ладен путер и се распоредуваат една преку друга. На крајот се витка преостанатата кора и се остава уште 20 минути да се одмори.

4. Потоа нареденото тесто се сука во правоаголна кора и се сече на 12 ленти, со ширина од 4 см. Секоја лента се премачкува со лажиче крем-сирење, а потоа се мота во круг.

5. Подлабок правоаголен плех се обложува со хартија за печење, а потоа внимателно се редат приготвените ролнички, внимавајќи меѓу нив да има мало растојание. Се оставаат да се одморат уште 20 минути. Потоа се премачкуваат со изматено јајце и се посипуваат со сусам.

6. Се пече во загреана рерна на 200°Ц, околу 35 минути, додека зарумени.

Извор: Добра храна

Украс за трпезата: Пробајте ги овие превкусни цветчиња со сирење
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.