Лесна шпанска пита: Започнете го денот со вкусен специјалитет

Добра храна

Рецепт за вкусни солени залачиња

Состојки:
  • 1 шолја од 200 мл масло
  • 1 шолја од 200 мл екстра бело брашно тип 400 на „Жито лукс“
  • 1 шолја од 200 мл пченкарно брашно
  • 1 шолја од 200 мл минерална вода
  • 200 г посно растително сирење
  • 1 прашок за печиво
  • 100 г црвена пиперка
  • 100 г зелени маслинки без коски
  • сусам
  • сол

Приготвување:

1. Црвената пиперка се лупи и се сечка на коцки, маслинките исто така се сечкаат на коцки, растителното сирење се ренда крупно.

2. Во сад се мешаат маслото и минералната вода, со малку сол, и се мати со миксер.

3. Постепено се додава смесата од прашокот за печиво, екстра белото брашно тип 400 на „Жито лукс“ и пченкарното брашно, со непрекинато мешање со миксер, додека се добие еднолична смеса.

4. Се додаваат исечканиот зеленчук и ренданото сирење, па полека се меша со маталка.

5. Мал плех, со големина 20 х 30 см, се обложува со хартија за печење и во него се става приготвената смеса. Се израмнува со лопатка и се посипува со сусамот, а потоа се пече во загреана рерна, на 200°Ц, додека зарумени кората.

6. Печената пита се остава да се олади, а потоа се сече на коцки.

Извор: Добра храна

Одлични се за појадок или вечера: Калцоните со шунка и кашкавал ќе ве остават без зборови
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.