Лесен и едноставен рецепт: Пригответе солен ролат со спанаќ и уживајте во божествената комбинација на вкусови
Вкусно!
Ролат што ќе ви ја збогати трпезата
Теодора Георгиевска, најмногу позната по својот инстаграм-профил @gotvime.so.tea, сосема заслужено ја понесе титулата најдобар Food Influencer на натпреварот за инфлуенсери U&Z Influencer Awards кој се одржа во декември минатата година. Пробајте го нејзиниот солен ролат со спанаќ кој несомнено ќе ве воодушеви со својот вкус.
Состојки:
За кората
- 4 јајца
- 300 г исечкан спанаќ
- 1 прашок за печиво
- 6 лажици брашно
- 3 лажици масло
- сол
За филот
- 300 г кисела павлака
- 2 лажици мајонез
- 200 г исечкана шунка
- сол и црн бибер
Приготвување:
1. Потребни состојки за ролатот.
2. Изматете ги јајцата и додајте ги во состојките за кората.
3. Пригответе го филот.
4. Нанесете го филот врз оладената кора.
На здравје!
Извор: Добра храна