Ви го пренесуваме рецептот за лепчиња со сирење на Мартина Илова, на Инстаграм позната како _somethingsmellsgood_
Домашната кујна секогаш е највкусна! Нашите баби ги знаеле најдобрите рецепти за неодоливи пити, кифлички и сочни печива на кои ретко кој може да им одолее. Еден таков рецепт сподели Мартина Илова, која на својот инстаграм-профил _somethingsmellsgood_ редовно ги радува следбениците со вкусни домашни специјалитети.
„Често добивам желба за рецепти кои ги правеле баба ми или мајка ми кога сум била мала – па така многу добро ги паметам и овие лепчиња со сирење“, напиша таа и откри фантастичен рецепт што сигурно ќе ви се допадне.
Состојки:
- 500 г брашно
- 250 мл млако млеко
- 100 мл масло
- 2 лажички сол
- 1 лажичка шеќер
- 1 квасец
За полнењето:
- 300 г сирење
- путер за премачкување
Приготвување:
1. Замесете тесто од наведените состојки и оставете го да нарасне.
2. Откако ќе нарасне, расучете го во ќправоаголна форма.
3. Најрпво, премачкајте со растопен путер, потоа додајте го сирењето.
4. Оформете ролат од тестото, од кое ќе исечете парчиња колку два прста дебелина.
5. Парчињата редете ги во подмачкана тава со путер, одозгора повторно додајте путер и сусам.
6. Печете во претходно загреана рерна на 190 степени околу 30 минути.
Погледнете го целиот рецепт во видеото во продолжение…
View this post on Instagram
ФОТО: ИНСТАГРАМ