Лепчиња од јогурт: Печиво без конкуренција поради кое засекогаш ќе заборавите на лебот!

Мора да ги пробате!

Феноменални лепчиња што одат и со солени и со слатки и прилози

Потребни состојки:
  • 550 грама брашно
  • 300 милилитри јогурт
  • 1 лажичка шеќер
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка сода бикарбона
  • 1 лажичка прашок за печиво
  • масло за пржење
Приготвување:

Во подлабок сад ставете јогурт, шеќер, сол, сода бикарбона, прашок за печиво и добро измешајте. Постепено додавајте брашно и замесете меко тесто.

Ставете го тестото во кеса за замрзнувач и оставете го во фрижидер 10 минути. Потоа, премесете го тестото на работна површина наросена со брашно и обликувајте ги во форма на валјак. Исечете го на 7 делови. Премесете го секој дел и направете 7 топчиња.

Ставете ги на тацна и оставете ги да отстојат 5 минути, па секое топче развлечете го во круг со сукало. Загрејте масло и пржете ги лепчињата на умерена температура додека не заруменат од двете страни. Ставете ги готовите лепчиња на салвета за се исцеди вишокот маснотии.

Послужете ги со сирење, ајвар, кајмак или како слатка варијанта со џем, мармалад или крем. Одлични се во секоја комбинација!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.