Лековит булјон од КОСКИ: Која е користа? Повеќекратна и добредојдена!

Рецепт

Приготвувањето булјон некогаш се сметаше за уметност, тој беше дел од високата француска кујна. Со текот на времето, луѓето почнаа да го вбројуваат во храна на сиромашните, што е сосема погрешно: билјонот од коски е исклучително лековит

Булјон од коски им се препорачува на луѓето што страдаат од Кронова болест и други болести на гастроинтестиналниот тракт. По три дена диета на база на овој булјон, пациентите добиваат сила и се чувствуваат подобро.

Придобивки за здравјето:

* булјоните од коски се богати со витамини и минерали;

* придонесуваат за зараснување на слузокожата;

* ја обновуваат работата на цревата;

* го подобруваат варењето;

* ослободуваат од вишокот килограми;

* го подобруваат квалитетот на спиењето;

* помагаат при болки во зглобовите и спречуваат нивно пропаѓање;

* ја поттикнуваат работата на мозокот.

Но сите овие предности важат само за правилно зготвен булјон!

Пририготвување за варење

За да поминат корисните материи од производот во водата, булјонот треба да се вари помеѓу шест и 24 часа. Колку се поголеми коските на животното, толку подолго е потребно да се вари. На пример, булјон од пилешко месо и од риба се вари шест часа, а од говедско или овчо месо – од 12 до 24 часа.

Основа за булјон (по избор):

* пиле (цела);

* пилешки нозе;

* свински ребра (‘рскавица);

* животински шепи;

* коски од крупен рогат добиток – со и без месо, со и без кожа;

* опашки;

* риба (со глава и перки);

* делови од месо од живина со коски и кожа (на пр. крилца и копани).

Запомнете: коските содржат неопходни витамини и минерали; кожата (дури и рибјите крлушки) – желатин и колаген; ‘рскавицата – супстанции што придонесуваат за заздравување на цревата и за обновување на ткивото на’ рскавицата.

Приготвување:

За два литра булјон ќе ви биде потребно:

* основа (килограм говедски опавчиња, цела риба, пилешки нозе или крилца или пиле од околу 1,5 кг, два килограми шепи или коски – по избор);

* од два до четири литри вода (нејзиното ниво мора да биде повисоко од 10-15 см од основата);

* две лажици јаболков или друг природен оцет, за да се извлечат што повеќе корисни супстанции од коските и ‘рскавицата;

* едно лажиче бибер во зрно;

* три стебленца целер;

* по два средни моркова и главици кромид;

* три-четири чешниња лук;

* два лаврови листа (по желба);

* сол.

Измијте ја основата и ставете ја во големо тенџере. Прелејте ја со вода и ставете ја на оган. Кога ќе зоврие, извадете ја пената. Намалете го огнот на најтивко, додајте го оцетот и покријте. Варете од шест до 24 часа.

Еден час пред крајот на варењето, додајте ги зеленчукот (може цел, исчистен) и зачините.

Исцедете го готовиот булјон и посолете го по вкус. Зеленчукот и коските можете веднаш да ги извадите. Ако сте зготвиле пиле, риба или коски со месо, изберете ги меките делови и оставете ги за јадење.

Примена

По завршувањето на варењето, ќе добиете јадење во вид на концентрат, богато со хранливи материи. Со тоа можете да готвите супа – со разредување на концентратот со вода во сооднос 1 : 1 или 1 : 2, како и ориз, хелда, динстан зеленчук.

Запомнете: во супата можете да додадете друг зеленчук, свежо исечен, и да ја варите најмногу 30 минути. Зеленчукот додајте го пет-десет минути пред крајот на варењето.

Како да го чувате

Булјонот чувајте го во фрижидер до пет дена. Можете да го замрзнете, делејќи го на порции. Јас го правам тоа во пластични теглички со капачиња. По потреба, ледената грутка булјон се става во поклопено тенџере и се топи на тивок оган.

Текст: Наташа Човиновска

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.