Ледено рафаело-кафе: Ви гарантираме дека не сте пробале повкусна напивка од оваа!

Совршено кафе за лето

Ова кафе е токму тоа што ви треба за да се разладите и засладите во топлите летни денови – пробајте!

Како го пиете вашето кафе? Горчливо или слатко? Без разлика во која група спаѓате, кога ќе го пробате ова рафаело-кафе, ви гарантираме дека никогаш веќе нема да посакате друго!

Ставете 2 „рафаело“ топчиња во чаша со малку топло млеко и мешајте добро додека се стопат и добиете кремлива смеса од кокос.

Во меѓувреме, изматете инстант-кафе со малку ладна вода, за да добиете лесна пена.

Дополнете ја чашата со мраз, сипете ладно млеко и завршете со изматеното кафе одозгора.

Резултатот? Освежителна кремлива напивка, совршена за топлите летни денови!

Ова вкусно кафе е по рецепт на @balis.kitchen – погледнете како да го приготвите во видеото во продолжение…

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Balis Kitchen (@balis.kitchen)

ФОТО: ИНСТАГРАМ

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе