Леб за слабеење: Само 1 парче ќе ве држи сити цел ден!

Најздравото нешто што сте го пробале

Ако сте на диета и не можете да си го замислите ручекот или појадокот без леб, ви предлагаме да приготвите здрав леб за слабеење

Пробајте го овој рецепт за здрав леб со достапни и економични намирници…

Состојки:
  • 2 лажици чиа семе
  • 4 лажици овесни снегулки
  • 100 мл врела вода
  • 250 г белки
  • 1 мало рамно лажиче сол
  • 100 г мелен лен
  • овесни снегулки, сусам и лен за посипување
Приготвување:

Изматете ги белките за да добиете цврст снег. Во чинија прелејте со вода 4 лажици овесни снегулки и 2 лажици чиа семе. Кога чиа семето ќе набабри, додајте го сето тоа во снегот од белки. Додајте мелен лен и измешајте. Префрлете ја смесата во плех, посипете ја со овесни снегулки, сусам и лен. Печете на 180 степени околу 30 минути. Исклучете ја рерната, па оставете го лебот природно да се олади уште 20 минути.

Хроно-леб со семки што сите можат да го јадат: Се прави без бело брашно и квасец, долго трае и со денови останува тазе
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.