Кремлива Метропол салата: Одличен избор за секоја прослава, совршено оди со печено месо, но и како предјадење!

Вкусно!

Задолжително запишете го рецептот

Состојки:
  • 2 мали страка праз
  • 4 варени јајца
  • 4 средни компири
  • 1 лажица сенф
  • 200 г кисела павлака
  • 100 г мајонез
  • 4 страка млад кромид
Приготвување:

1. Добро измијте го празот и исечете го на кругови. Бланширајте го околу 5 минути во врела вода, извадете го со решеткаста лажица и прелејте го со ладна вода.

2. Излупете го компирот, па исечете го на коцки и сварете го (можете да го варите и целиот компир, па потоа да го излупите и да го исечете на коцки) во посолена вода.

3. Ставете ги и јајцата да се варат, па кога ќе се сварат, оладете ги и излупете ги, па исечкајте ги на коцки. Измијте го младиот кромид и исечкајте го на кругови. Додајте сенф, мајонез, кисела павлака, сол и бибер и сето тоа внимателно измешајте го и оставете го добро да се олади. Добар апетит!

Сите погрешно ја приготвуваме руската салата: Ова е единствениот вистински рецепт!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.